Џејмс е незадоволен од Волтон, Лејкерс добива нов тренер!

Лос Анџелес Лејкерс со ангажманот на Леброн Џејмс се очекуваше да ја нападнат тиулата во НБА лигата, но не само што тоа нема да можат да го направат, туку „езерциите“ нема да играат ниту во плеј-офот, а прв одговорноста ќе ја понесе предводникот - Лук Волтон.

Меџик Џонсон, генералниот менаџер на вториот најтрофеен тим во НБА, сериозно размислува за промена на Волтон. Тренерот на Лејкерси не е ниту во којзнае какви релации со најдобриот играч - Џејмс.

Како потенцијална замена се споменува поранешниот тренер на Милвоки Бакс, Џејсон Кид. Поранешниот плејмејкер на стол има понуда од тим во НЦАА лигата, но новонастаната ситуација во Лејкерс, го натера на размислување, па според медиумите во Америка има голема шанса тој да биде новиот тренер на „езерџиите“.