Џеј Ар Смит: Го претепав затоа што ми го скрши прозорецот на камионот (ВИДЕО)

Кошаркарот Џеј Ар Смит се најде во центарот на вниманието во САД откако претепа момче за време на протестите против полициската бруталност и смртта на Џорџ Флојд во Лос Анџелес. 

Инцидентот се случил далеку од местото каде што се одржувале протестите. Смит фатил како едно момче му го крши прозорецот на неговиот камион. Успеa да го фати и крвнички го претепа. 

Поранешниот кошаркар на Кливленд, Њујорк и Денвер го раскажа инцидентот преку видео објавено на социјалните мрежи.

„Едно од овие е*ени бели момчиња не знаеше каде оди и ми го скрши прозорецот од камионот. Скрши моја работа. Се стрчав по него и го истепав. Не знаеше чив прозорец крши и јас го скршив од ќотек“, изјави Смит.