Двајт Хауард повторно во дресот на Лејкерс

По повредата на коленот на Демаркус Казинс, Лос Анџелес лејкерс се најдоа во незавидна позиција да пронајдат негова замена. Иако имаа двајца одлични кошаркари на центарската позиција во имињата на Ентони Дејвис и Џавал Мекги, потребен е уште еден кошаркар кој ќе ја дели минутажата. 

Двајт Хауард е многу близу повторно да го облече дресот на Лејкерс, откако се договори со Мемфис да го прекине неговиот актуелен договор. Искусниот центар своевремено беше еден од најдобрите кошаркари во лигата, кога играше во Орландо. Заработе шест од вкупно осумте настапи на Олстар натпреварите, а воедно и три сезони беше прогласуван за најдобар дефанзивец во лигата.

Сезоната 2012/2013 година ја мина во Лејкерс, но не се прослави крај Коби Брајант. Потоа играше Хјустон, Атланта и Шарлот. Лани беше дел од Вашингтон, но во овој тим одигра само девет натпревари поради повреда.

Хауард летово тренираше пред стручниот штаб на Лејкерс за да ги убеди дека и натаму има квалитет да му помогне на ѕвездениот тим составен од Леброн Џејмс и Ентони Дејвис. Наводно и самиот Џејмс бил задоволен од Хаурд и имал улога во одлуката тој да потпише со Лејкерс.