Дури 48 кошаркари во НБА-лигата се позитивни на Ковид-19

Се наближува стартот на новата сезона во НБА-лигата (22 декември), па челниците на организацијата веќе почнаа со масовно тестирање на Ковид-19 во тимовите. 

Во периодот од 24 до 30 ноември, тестирани се 546 кошаркари, од кои 48 се позитивни на Ковид-19. Тие што го имаат вирусот заминуваат во изолација се додека следниот нивни тест не биде негативен.

Сезоната во НБА ќе стартува регуларно, односно тимовите ќе играат во своите арени, нормално без присуство на публика. Плејофот од минатата сезона се играше во „балон“ во Дизниленд, кој се покажа како голем успех, бидејќи немаше ниту еден позитивен тест за тоа време.

Во регуларниот дел од новата сезона се очекува да има доста позитивни кошаркари, што сигурно ќе влијае на резултатите на тимовите и нивната игра.