Дурент по стапките на Џејмс: Стана сопственик на фудбалски клуб

Кевин Дурент, како и многу други спортисти сака да вложува дел од своето богатство во други спортови. Ѕвездата на Бруклин реши да влезе во сопственичната структура на фудблскиот клуб Филаделфија унион.

Информацијата и натаму не е официјализирана, па се претпоставува дека кошаркарот ќе има од 1 до 5 проценти од акциите во Филаделфија. Леброн Џејмс има свои акции во фудбалскиот клуб Ливерпул, а МЛС-лигата поради својата голема експанзија привлекува многу инвеститори.

Познатиот актер Метју Меконахи е сопственик на тимот што од следната сезона ќе се натпреварува во Лигата, Остин ФЦ, потоа Вил Ферел и Меџик Џонсон се дел од акционерите во ЛА ФЦ.

Пред неколку години Дурент сакаше да влезе во Ди Си јунајтед, но тогаш не успеа да дојде да купи акции од клубот.