Дурант го менува бројот на дресот во Бруклин

Иако беше потврдено дека ќе паузира речиси една година, Кевин Дурант доби одличен договор од Бруклин, според кој за четири години ќе заработи 164 милиони долари.

Дурант, по пристигнувањето во Бруклин, решил да го смени и бројот на дресот, па повеќе нема да го носи бројот 35.

„Сега почнувам нов кошаркарски живот. Бројката, којашто ќе ја носам е седум“, кажал Дурант.