Духовито: Голден Стејт има нов предводник на франшизата - Дончиќ! (ФОТО)

Далас одигра партија од соништата на гостувањето кај Голден Стејт Вориорс, па заслужено ги совлада „воините“ со 126-91, а најзаслужен за победата на гостите, беше Лука Дончиќ кој оствари трипл-дабл, со 23 поени, 11 скокови и 10 асистенции, па еден навивач се нашали дека тој е новиот газда на силната франшиза.

Дончиќ одигра маестрален натпревар, па на Википедија, еден навивач го промени газдата на Голден Стејт. За нов предводник на франшизата го постави токму Словенецот.