Донован Мичел урнебесно го прослави новиот договор од 160 милиони долари (ВИДЕО)

НБА-ѕвездата Донован Мичел, кошаркарот на Јута Џез, кој играше спектакуларно во „меурот“ во Дизниленд во изминатата сезона, доби нов петгодишен договор вреден 163 милиони долари, па со својот менаџер реши да прослави.

И што друго човек може да направи кога после три години во НБА ќе добие вака огромна сума на пари, освен да скокне во базен од радост.