Дончиќ верува во своите соиграчи: Далас ќе игра во плејофот следната сезона

Еден од најдобрите европски кошаркари, Лука Дончиќ, имаше импресивна деби сезона во НБА лигата со тимот на Далас, каде беше избран за „Дебитант на година“. Но, и покрај тоа, тимот на Марк Кјубан заврши на 14-тата позиција во Западната конференција со биланс од 33 победи и 49 порази.

Словенечкиот кошаркар смета дека неговиот тим ќе настапи многу подобро во новата сезона и верува дека Маверикс ќе се квалификуваат во плејофот во НБА лигата.

Ние ќе се квалификуваме за плејофот. Треба да го направиме тоа. Ова е главната цел поставена за тимот следната сезона и ние ќе се потрудиме да го постигнеме тоа, изјави 20-годишниот Словенец.

Лука Дончиќ одигра 72 натпревари за Далас, почнувајќи во сите од нив, а за 32.2 минути на теренот, тој реализираше 21.2 поени, 7.8 скокови и 6 асистенции во просек на натпревар.