Дончиќ со триумф против Бруклин го прослави роденденот, трип-дабл за Јокиќ (ВИДЕО)

Серијата на Бруклин нетс од осум победи поред беше запрена минатата ноќ, а за тоа главен „виновник“ е словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ., кој со својот Далас маверикс славеше со 115-98.

Дончиќ беше повторно на свое ниво и постигна 27 поени, шест скокови и седум асистенции во триумфот на Далас, додека кај Бруклин најефикасен беше Џејмс Харден со 29 поени, но тоа не беше доволно.

Никола Јокиќ беше неверојатен минатата ноќ затоа што стигна до нов трипл-дабл. Тој постигна 19 поени, 13 асистенции и 11 скокови во победата на Денвер нагетс против Оклахома сити тандер од 126-96.

Резултати­:

Орландо – Јута 109-124
Њујорк – Индијана 110-107
Сан Антонио – Њу Орлеанс 117-114
Вашингтон – Минесота 128-112
Филаделфија – Кливленд 109-112