Дончиќ со рекордни осум тројки го уништи Портланд (ВИДЕО)

Лука Дончиќ одигра уште еден феноменален натпревар за Далас водејќи го до победа од 120-112 против Портланд. 

Словенецот имаше неверојатна шутерска вечер од далечина и постигна за него рекордни во кариерата осум тројки, а натпреварот го заврши со 35 поени. Тим Хардавеј придодаде 29 поени, па Маверикс ја забележаа четвртата победа по ред. Во редовите на Блејзерс, Демијан Лилард имаше 34 поени, додека Кармело Ентони натпреварот го заврши со 22 поени.

Атланта славеше на гостувањето кај Сан Антонио за прв пат по 1997 година со 121-120. Хоукс се вратија од негатива од 14 поени во последниот период, а најзаслужен за триумфот беше Трае Јанг со 31 поен. Кај Спарс, најдобар беше Демар Дерозан со 25 поени, а му недостигаше по една асистенција и еден скок за да запише трипл-дабл.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Индијана - Минесота 116-114
Филаделфија - Чикаго 100-89
Торонто - Вашингтон 140-111
Мемфис - Кливленд 113-109
Оклахома - Мајами 108-115