Дончиќ со неверојатен потег го посрамоти најдобриот дефанзивец во НБА-лигата (ВИДЕО)

Словенечкиот репрезентативец, Лука Дончиќ, е повторно во центар на внимание поради неверојатениот талент, кој го покажува секој натпревар.

Дончиќ продолжи да ги воодушевува Американците, а неверојатниот талент го покажа и на официјално најдобриот дефанзивец во лигата, центарот на Јута, Руди Гобер.

Словенецот со неверојатен потег под кошот го збуни Французинот, кој не знаеше каде се наоѓа во еден момент, па Дончиќ лесно постигна поени.