Дончиќ со магична финта го посрамоти центарот на Милвоки (ВИДЕО)

Лука Дончиќ одигра уште еден одличен натпревар, па постигна 20 поени во поразот на Далас маверикс од Милвоки бакс со 107-122, а во центар на внимание беше еден негов магичен потег.

Словенечкиот кошаркар одлично се ослободи во противничкиот рекет, а потоа лесно поентираше за два поени.