Дончиќ сака да заигра заедно со Јокиќ во дресот на Далас!?

Кошаркарите од Балканот, кои настапуваат во НБА-лигата се во одлични односи, па често се дружат, а големи пријатели биле и Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.

Дончиќ одговараше на прашања на новинарите, при што даде интересен одговор за Јокиќ.

„Не можам јас ништо да трејдувам. Тоа не е моја работа и не би трејдувал, но ако Јокиќ сака, тогаш нека дојде во Далас. А знам дека сака“, се пошегува Дончиќ, но тоа беше доволно да ја „запали“ фантазијата кај фановите.