Дончиќ испиша историја и покрај поразот на Далас, Јокиќ му помогна на Денвер за нов пресврт

Кошаркарите на Денвер славеа против Бруклин со 101-93, а одличен натпревар одигра Никола Јокиќ, кој за 28 минути стигна до дабл-дабл, односно 18 поени, 10 скокови и три асистенции.

Денвер не беше многу добар на мечот, откако во третата четвртина губеше и со 16 поени, но потоа со серија од 12-2 успеа да се врати и во последниот период да направи целосен пресврт.

За разлика од Јокиќ, Лука Дончиќ ја немаше таа среќа да се израдува на победата, иако постигна 33 поени, 11 асистенции и 10 скокови, зашто Њујорк славеше на крајот со 106-103.

Дончиќ може да го радува тоа што е лидер во лигата со пет трипл-дабл, а втор е по асистенции, па покрај тоа, Словенецот е лидер по трипл-дабл пред 21. роденден, тој вкупно постигна 13, Меџик Џонсон има седум, а Леброн Џејмс само пет.


Дончиќ стана втор кошаркар на кој му успеало да постигне трипл-дабл во „Медисон Сквер Гарден“ пред да наполни 21 година, а тоа претходно му успеало само на Меџик Џонсон.

Останати резултати:

Кливленд – Мајами 97-108
Милвоки – Чикаго 124-115
Њу Орлеанс – Лос Анџелес Клиперс 132-127
Феникс – Атланта 128-112