Дончиќ не знае да запре: Словенецот постави импресивен рекорд (ФОТО)

Лука Дончиќ игра фантастично во НБА-лигата во дресот на Далас маверикс, па притоа ги собра симпатиите на фановите, а за него во моментов може да се каже дека е еден од најдобрите кошаркари на Западот.

Малку му недостигаше да биде дел од Олстар натпреварот, но сепак ќе учествува на натпреварувањето во вештини.

Овој 19-годишен словенечки кошаркар стана прв во историјата на НБА-лигата, кој со 19 или помалку години постигнал повеќе од 1.100 поени до Олстар паузата.