Дончиќ не престанува да блеска, нов трипл-дабл и - личен рекорд (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ игра маестрално во новата сезона во НБА лигата. Тој на послениот меч, кој неговиот Далас го загуби на гостувањето во Њујорк со 106-102, забележа нов трипл-дабл од 38 поени, 14 скокови и 10 асистенции.

Со брилијантната партија тој стана најмладиот играч во НБА кој успеал да постигне четири трипл-дабл во првите осум натпревари во една сезона. Исто така, Словенецот е четвртиот кошаркар по Маурис Стокес, Оскар Робертсон и Расел Вестбрук на кој му успеало тоа.

Постигнатите 38 поени се нов индивидуален рекорд во НБА кариерата на Дончиќ.