Дончиќ му „продаде“ негова финта на Харден, измисли нов потег, па му ги - „скршија“ зглобовите! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Далас маверикс загубија на синоќешното гостување кај Хјустон рокитс (104-120) во меч во кој Словенецот Лука Дончиќ уште еднаш го покажа сиот свој потенција.

Тинејџерската сензација средбата ја заврши со дабл-дабл ефект реализирајќи 21 поен со 10 скока, а имаше и неколку потези кои веднаш беа забележени од присутните во салата и од американската јавност. Дончиќ прво успеа да му ја „продаде“ на Џејмс Харден неговата финта, завршувајќи еден од нападите со тројка од огромна далечина со популарниот „степ-бек“, кој со години наназад е заштитен знак на ѕвездата на Хјустон.

Подоцна, Словенецот при една акција неочекувано изведе потег со протнување на топката низ нозе со што ги збуни сите, почнувајќи од противникот, па до присутните во салата и коментаторите. Крајниот епилог е лесно поентирање.

Но, не беше сѐ баш идеално за Дончиќ, кој во втората четвртина настрада по еден дриблинг на Пи-Џеј Такер, губејќи рамнотежа и едвај спречувајќи да не падне. Или, со популарниот кошаркарски речник, му го „скршија зглобовите“.