Дончиќ ја воодушеви публиката со неверојатна „банана“ за Јанг (ВИДЕО)

Далас маверикс синоќа запиша нов триумф против Атланта хокс со 114-107, а уште еден фантастичен меч имаше Лука Дончиќ, кој постигна 24 поени и 10 скокови, но имаше и еден потег, кој ги „запали“ социјалните мрежи.

Дончиќ во директен дуел со Трае Јанг му „залепи“ атрактивна „банана“ и му покажа уште еднаш кој е најдобар новајлија во НБА-лигата.

Инаку, и Јанг имаше добар меч, откако постигна 24 поени и 10 асистенции за Атланта.