Дончиќ израмни 15 години стар рекорд на Леброн Џејмс

Лука Дончиќ не престанува со своите фантастични настапи веднаш по пристигнувањето во НБА-лигата, па во третиот натпревар успеа да ирамни неверојатен  рекорд на Леброн Џејмс.

Младиот Словенец во победата на Далас против Чикаго постигна 19 поени и шест асистенции и така во првите три натпревари во НБА-лигата стигна до просек од 17,6 поени и 4,4 асистенции понатпревар.

Исто така, Дончиќ е првиот дебитант помлад од 20 години по „кралот“, кој во првите три натпревари имал во просек ист број на поени и додавања.