Дончиќ испишува историја во дресот на Далас (ВИДЕО)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ летово пристигна во НБА-лигата како трет пик на НБА-драфтот, а го избраа Атланта хокс, која потоа го испрати во Далас маверикс.

Дебито на Дончиќ против Феникс санс не беше најдобро, но затоа одигра фантастичен натпревар против Минесота, па го предводеше својот тим до триумф.

Натпреварот го заврши со 26 поени и шест скокови, а пофалби на негова сметка пристигнаа од сите страни, а интересно е тоа што веќе почна да испишува историја.

Словенечкиот кошаркар стана најмладиот играч на Далас, кој во еден натпревар постигнал повеќе од 20 поени, а тоа на Дончиќ му успеа на само 19 години и 234 денови, додека претходниот рекордер беше Денис Смит јуниор со 19 години и 347 денови.