Дончиќ и Хардавеј го уништија вицешампионот Мајами (ВИДЕО)

Далас славеше со 127-113 на гостувањето кај Мајами и го презема петтото место на табелата во Западната конференција. Маверикс имаат идентичен ефект како шампионот Лос Анџелес лејкерс од 37 победи и 28 порази, но имаат подобар меѓусебен скор. 

Тим Хардавеј јуниор одигра неверојатен натпревар и постигна дури 10 тројки во арената каде неговиот татко ги имаше најславните денови од својата кариера. Хардавеј заврши со 36 поени, додека Лука Дончиќ исто така беше на своето препознатливо ниво со 23 поени и 12 асистенции. Хит беа без Џими Батлер, а најефикасни беа Данкан Робинсон и Горан Драгиќ со по 19 поени.

На дербито на Истокот, Милвоки го совлада Бруклин со 124-118 и официјално го завери пласманот во плејофот. За Нетс ова е трет пораз во низа, а втор по ред од Бакс. Јанис Адетокумпо постигна 36 поени, додека кај гостите Кајри Ирвинг постигна 38 поени, а Кевин Дурент имаше 32. 

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Кливленд - Феникс 118-134
Детроит - Шарлот 99-102
Њу Орлеанс - Голден Стејт 108-103
Оклахома - Сакраменто 99-103
ЛА Клиперс - Торонто 105-100