Дончиќ го „сруши“ шампионот, притоа ги „прати“ двајца по бурек (ВИДЕО)

Екипата на Далас ја забележа седмата победа во 12. коло во НБА лигата, пред се благодарение на одличната партија на Лука Дончиќ. 

Во триумфот од 110-102 во „Американ Ерлајнс“ центар над актуелниот бранител на титулата, Торонто, Дончиќ запиша 26 поени, 15 скокови и седум асистенции. Дончиќ беше потпомогнат од Летонецот Кристапс Порзингис кој забележа 20 поени и 15 скокови. На спротивната страна се истакнаа Пауел со 26 поени и ВанВлит со 24, додека Сиакам уфрли 15 поени.

Хјустон во Минесота славеше со 125-105, а Џејмс Харден дуелот го заврши со 49 поени. Во составот на домаќините Таунс имаше дабл-дабл учинок од 27 поени и 15 скокови.

Без продолженија Лос Анџелес Клиперс постигна дури 150 поени во победата пред своите навивачи против Атланта, а Пол Џорџ по враќањето на терените повторно доминира, па така сега запиша 37 поени, следен од Лу Вилијамс (25) и Робинсон (21). На спротивната страна во дресот на Хокси се истакна Јанг со 20 поени.

Резултати: Чикаго-Бруклин 111-117, Индијана-Милвоки 83-102, Њујорк-Шарлот 102-103, Мајами-Њу Орлеанс 109-94, Минесота-Хјустон 105-125, Далас-Торонто 110-102, Сан Антонио-Портланд 116-121, ЛА Клиперс-Атланта 150:101.