Дончиќ добива друштво: Далас ангажира нова ѕвезда и ќе ја нападне титулата во НБА

Далас маверикс е подготвен да донесе трета голема ѕвезда во тимот, со што ќе се зголеми квалитетот на екипата од Тексас и ќе може да се нападне титулата во НБА-лигата.

Американските медиуми пишуваат дека сите кошаркари, освен Лука Дончиќ и Кристапс Порзингис, се достапни за преговори со останатите клубови.

Далас, наводно, прави план за да го ангажира Јанис Антетокумпо, кој е незадоволен со соиграчите во Милвоки, па најверојатно не би имал ништо против да се пресели во екипата на Дончиќ.