Дончиќ блескаше, но недоволно: Далас загуби од Сакраменто (ВИДЕО)

Лука Дончиќ постигна 28 поени за Далас, но неговиот тим мораше да се помири со пораз од Сакраменто со 113-120. 

Словенецот (19) за малку не го достигна својот личен рекорд во дебитантската сезона во НБА-лигата од 31 поен, но сепак успеа да влезе во историјата лигата. Тој на поените придодаде и шест скока, девет асистенции и една украдена топка со што ја заслужи наградата играч на натпреварот. Со тоа стана само шестиот тинејџер во историјата на НБА со вакви бројки зад своето име. На паркетот во Далас сезонава дебитираше и ветеранот Дирк Новицки, кој доби стоечки овации од публиката.

Лос Анџелес лејкерс загубија на гостувањето кај Вашингтон со 128-100. Визардс беа предводени од Џон Вол со 40 поени и 14 асистенции. Леброн Џејмс имаше тивка вечер за Лејкерс со 13 поени, а најефикасен беше Кентавиус Калдведл - Поуп со 25 поени.

На останатите натпревари
Њу Орлеанс - Мајами 96-102
Денвер - Торонто 95-86
Индијана - Њујорк 110-99
Кливленд - Филаделфија 105-128
Брукли - Атланта 144-127