Дончиќ бил на чекор до турски гигант, но не им бил доволно добар!

Поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, Марко Миличевиќ во разговори за српските медиуми откри досега непознати детали за кошаркарот на Далас маверикс, Лука Дончиќ.

Дончиќ во НБА стигна преку Реал Мадрид, па настапува фантастично. Сепак, не му предвидувале сите голема кариера.

Словенецот на 13 години бил на проба во Галатасарај, меѓутоа таму направиле голема грешка.

„Кога со пријателите го однесов Лука во Галатасарај, ме прашаа што правам со ова дете кај нив?“, открив Миличевиќ.

Откако го слушнал тоа, Миличевиќ се налутил и кажал дека доколку не го примат, тогаш Дончиќ ќе го однесе во Реал Мадрид.

„Му реков на татко му Саша дека се надевам дека нема да го примат, зашто планирам да го водам во Реал и тоа кај мојот другар Алберт Ерерос, со кој играв порано. Ерерос ми кажа дека никогаш не видел некој со талентот на Лука. Останатото го знаете и нема потреба да се фалам, зашто кога не играм, тука сум да помогнам на младите кошаркари“, кажа Миличевиќ.