Добар старт на Дончиќ во НБА-лигата, но Далас загуби од Феникс!

Конечно НБА-лигата се врати на програмата, па имаше многу интересни натпревари уште на стариот старт. А, во центар на внимание беше и настапот на младиот Лука Дончиќ во дресот на Далас маверикс.

Екипата на Хјустон рокетс ја почна сезоната со пораз на домашен терен од Њу Орлеанс со 131-112. До победа Њу Орлеанс ги предводеше Ентони Дејвис со 32 поени и 16 скокови, а кај домаќините Џејмс Харден постигна само 18 поени.

Денвер триумфираше кај лос Анџелес клиперс. Српскиот кошаркар Никола Јокиќ беше фантастичен и постигна 21 поен, пет асистенции и осум скокови, а кај домаќините најдобар беше Харис со 19 поени.

Од останатите дуели, Торонто победи против Кливленд со 24 поени на Каваи Ленард, додека Феникс беше подобар од Далас со 121-100, а кај гостинската екипа Лука Дончиќ постигна само десет поени.

Останати резултати:

Шарлот – Милвоки 112-113
Индијана – Мемфис 111-83
Орландо – Мајами 104-101
Сан Антонио – Минесота 112-108
Сакраменто – Јута 117-123