Денвер губеше со 21 поен, а потоа Никола Јокиќ направи - чудо (ВИДЕО)

Екипата на Денвер славеше над Филаделфија со 100-97 во еден од најлудите натпревари во историјата на НБА, а херој во победничкиот тим беше српскиот репрезентативец Никола Јокиќ.

Денвер успеа да ја надокнади негативата од 21 поен и на крајот со кошот на Јокиќ, во последните секунди од натпреварот, да дојде до шестиот триумф во осмиот натпревар.

Тој на крајот имаше 26 поени, десет скока и шест асистенции, додека ма спротивната страна, Џоел Ембид беше наефикасен со 19 поени и 15 скока.

Денвер лошо го започна натпреварот, а на полувремето губеа и со 15 разлика, пред се поради одличниот Ембид. На крајот на третата четвртина Филаделфија стигна и до највисоките 20 поени, а потоа следуваше пресврт.