Дејвис постигна 32 поени, но навивачите го „поздравија“ со - свирежи (ВИДЕО)

Њу Орлеанс пеликанс синожа на свој паркет победија против Минесота тимбервулвс со 122-117, а тоа беше и прв меч на Ентони Дејвис пред домашната публика од барањето за трејд, па беше „поздравен“ со свирежи.

Минесота беше подобра во поголемиот дел од времето во првото полувреме, па така гостите во втората четвртина имаа +18, а до крајот Њу Орлеанс се врати во игра, па на полувреме заминаа со 62-62.

Второто полувреме го добија домаќините, кои во третата четвртина стигнаа до +14, а на крајот славеа со 122-117.

Дејвис бееш најдобар со 32 поени, но последната четвртина ја гледаше од клупа. Кај победникот се покажа и Холидеј со 27 поени, додека кај Минесота најефикасен беше Карл-Ентони Таунс со 32 поени.

Останати резултати:

Детроит – Њујорк 120-103
Филаделфија – Денвер 117-110
Вашингтон – Кливленд 119-106
Бруклин – Чикаго 106-125
Далас – Милвоки 107-122
Феникс – Голден Стејт 107-117
Сакраменто – Мајами 102-96