Дејвис по тројката против Денвер викна: Коби! (ВИДЕО)

Сите деца кои играле кошарка, фудбал или некој друг спорт при постигнување на кош или гол вообичаено го извикуваат името на нивниот омилен спортист, а такво нешто во вториот меч од финалето на Западот направи Ентони Дејвис.

Лос Анџелес Лејкерс славеше со 105-103 против Денвер нагетс, а тројката за победа ја постигна Дејвис, кој по кошот го извика името на легендарниот Коби Брајант, кој почина во хеликоптерска несреќа на почетокот на годинава.