Дејвис: Овој тим на Лејкерс може сите да ги победи! (ФОТО)

Генералниот менаџер на Лос Анџелес Лејкерс, Роб Пелинка, искажа пофални зборови за новото засилување Ентони Дејвис, кој го нарече „најдоминантен млад кошаркар во светот“.

По оваа негова изјава, возврати и Дејвис и верува дека овој тим на „езерџиите“ има шанси да победи секого во наредната натпреварувачка сезона.

Искрено, овој тим на Лејкерс би можел да победи било кого. Мислам дека во секоја серија од седум меча, ние би славеле, изјави Дејвис на прес - конференција.

 

 

Тој ова лето се пресели во Лос Анџелес од редовите на Њу Орлеанс. Дејвис вели дека шансата да се игра покрај Леброн Џејмс, кого го смета за пријател и со кого беше партнер во олимпискиот тим на САД била толку примамлива што не можел да ја одбие.

Беше тешко да се замине од Њу Орлеанс, град каде што играв седум години, но мислам дека времето дојде. Кога дознав дека има шанси да играм за Лејкерс, не се двоумев, посебно бидејќи тоа значеше да сум тимски колега со Леброн. Ова е тим за победи, но не само за победи, туку за титули и тоа е главната цел, додаде Дејвис.