Дејвис нема да оди на подготовки за СП поради Лејкерс

Американските медиуми пишуваат дека Ентони Дејвис нема да се појави на подготовките на САД за Светското првенство во Кина.

Дејвис нема да се појави на подготовките затоа што сака да го искористи летото за да се подготви за новата сезона со Лос Анџелес Лејкерс. 

Одлуката наводно ја потврдил и агентот на Дејвис.

Да потсетиме, Дејвис беше трејдуван летово од Њу Орлеанс во Лејкерс.