Дејвис не им е доволен на Лејкерс: Следен е Каваи Ленард

Лос Анџелес лејкерс жртвуваше голем дел од својот ростер за да го доведе Ентони Дејвис во своите редови, но тимот не завршил со ангажман на нови кошаркари за следната сезона. 

Со оглед на фактот дека ова лето има многу големи ѕвезди кои можат да ги донесат како слободни агенти, Лејкерс ќе целат кон најдобрите. Една од опциите е Кемба Вокер од Шарлот, но американските медиуми велат дека всушност Каваи Ленард е првата желба на тимот.

Ленард ја освои титулата со Торонто изминатава сезона, но тој е слободен агент. Сите во Торонто би сакале тој да остане во Репторс и следните неколку сезони, но понуда од Лејкерс може да го предомисли.

Кошаркарот одигра фантастична сезона во таборото на Репторс и беше прогласен за МВП на големото финале

Доколку Лејкерс покрај Ентони Дејвис, успеат да го ангажираат и Каваил Ленард, а тука секако е и Леброн Џејмс, веројатно не треба да бидете голем кошаркарски експерт да предвидите кој тим ќе биде најголем фаворит за титулата следната сезона.