Дејвис го наполни кошот на Милвоки за голема победа на Лејкерс (ВИДЕО)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс беа поодбри од Милвоки бакс со 133-129 во дербито кое го одбележаа Ентони Дејвис и Јанис Адетокумпо.

Милвоки имаше водство на стартот од дуелот, но набрзо Лејкерс ја презема контролата врз резултатот и избега на +15 (61-46), но Адетокумпо и неговите колеги не се откажуваа и се бореа до последниот момент, но сепак победата му припадна на тимот од Лос Анџелес кој го издржа притисокот во завршницата.

Ентони Дејвис беше најефикасен со 44 поени и 10 скокови, додека Адетокумпо постигна 40 поени за Милвоки.

Шампионот Голден Стејт вориорс го скрши Чикаго булс со 119-111, а најдобри во победата беа Пул со 30 и Томсон со 26 поени, додека Вучевиќ постигна 23 поени за поразениот тим.

Останати резултати:

Шарлот – Вашингтон 117-116
Атланта – Денвер 117-109
Бостон – Мајами 116-120
Бруклин – Торонто 114-105
Кливленд – Орландо 107-96
Мемфис – Филаделфија 117-109
Сан Антонио – Њу Орлеанс 99-117
Феникс – Хјустон 121-122
Јута – Индијана 139-119