Србинот Јокиќ го пцуеше, а неговиот тренер тргна да го истепа - судијата! (ВИДЕО)

Нервозни моменти кон крајот на втората четвртина можеа да видат присутните на синоќешниот дуел од НБА-лигата помеѓу ЛА лејкерс и Денвер нагетс, кој неочекувано заврши со лесна победа за домашната екипа (127-109).

Во центарот на вниманието беше српскиот центар Никола Јокиќ, кој бурно реагираше по еден недосуден прекршок. Во вербалната пресметка се вклучи и неговиот тренер, Мајк Мелоун, кој буквално му се внесе в лице на судијата додека кошаркарот го пцуеше. Епилогот на крај беше исклучувања за Јокиќ и за Мелоун, што и тоа како им ја олесни задачата на „езерџиите“.

Најзаслужен за триумфот на тимот од Ел-Еј беше дебитантот Лонзо Бол, кој средбата ја заврши со трипл-дабл ефект со 11 поени, 16 скока и 11 асистенции.

РЕЗУЛТАТИ:

Торонто-Вашингтон 100-91

Мајами-Индијана 95-120

Бруклин- Г. Стејт 111-118

Феникс – Чикаго 113-105

ЛА лејкерс-Денвер 127-109