Чикаго го суспендираше Портис поради „нокаутот“ врз Миротиќ на тренинг

Кошаркарот на Чикаго, Боби Портис, доби клупска суспензија од осум натпревари поради нападот врз соиграчот Никола Миротиќ и ќе остане „пократок“ за 150 илјади долари, соопшти НБА клубот.

Портис е санкциониран бидејќи на еден од тренинзите со удар во главата го испрати Миротиќ во болница и на шестнеделна пауза поради фрактура во пределот на лицето.

Тој ќе може да тренира со тимот, но нема да игра сѐ до 7 ноември и дуелоит со Торонто.

Тој го пропушти синоќешниот почеток на сезоната против Торонто, а ќе го нема ниту на дуелите против Сан Антонио, Кливленд, Атланта, Оклахома, Мајами, Орландо и Њу Орлеанс.