Канада е на нозе: Торонто направи брејк и е на чекор до историско НБА-финале (ВИДЕО)

Кошаркарите на Торонто репторс го направија можеби клучниот исчекор кон историски пласман во големото финале во НБА-лигата, откако ноќеска, како гости, го совладаа Милвоки бакс (105-99) и поведоа со 3-2 во завршната серија на Истокот.

Тие сега имаа огромна шанса да дојдат до клучната победа на мечот кој ќе го одиграат в сабота на домашен терен за историски пласман во битката за титулата во најсилната лига на светот. „Елените“ во два наврати имаа двоцифрена предност, но ја испуштаа, а клучно за нивниот пораз беше добрата одбрана која „репторси“ ја одиграа врз нивниот најдобар кошаркар, Јанис Антетокумпо.

 

 

Кавај Ленард беше најдобар кај Торонто со 35 поени, на кои дополни седум скока и девет асистенции, Кајл Лаури додаде 17, а Паскал Сиакам 14 поени. Кај Милвоки, Антетокумпо уфрли 24, а Бледсо 20 поени.