Бурлески: Екипа од НБА на полувреме приморана да ги смени – дресовите (ВИДЕО)

НБА дефинтивно важи за најорганизираната лига во светот, каде што однапред се знае најситниот детал, но и покрај тоа, понекогаш, може да им се случат грешки каква што имаше на синоќешната пресметка помеѓу Оклахома сити тандерс и Атланта хокс (118-109) во која домашната екипа на полувремето мораше да го смени – дресовите.

Причина за ваквата бизарност беше фактот што домаќинот средбата ја почна со портокалова опрема, додека гостите во црвена, па беше тешко да се распознаваат играчите на паркетот. Проблемот беше што „хокс“ со себе не понеле резервна гарнитура дресови, иако на тоа се обврзани, поради што „громовите“ на полувремето мораа да се пресоблекуваат.

Оклахома сити во третиот период истрча во бела гарнитура, со што мечот можеше без проблем да се доигра.