„Буцкото“ Харден испиша историја - одигра меч каков што досега немало во НБА!

По само месец ипол по доаѓањето во Бруклин нетс, Џејмс Харден од „буцко“ повторно стана еден од најдобрите играчи во моментов во НБА, што го докажа со синоќешната монструозна партија во триумфот над Сан Антонио спарс (124-113).

Тој средбата ја заврши со 30 поени, 14 скока и 15 асистенции, а немаше и ниту една загубена топка. Харден со тоа стана единствениот во историјата на НБА што одигра натпревар со најмалку 30 поени, 10 скока и 15 асистении, а притоа да не „продаде“ барем една топка на противникот, категорија што во најсилната лига на светот се бележи од сезоната 1977/78.