Бруклин прави пеколно трио: Уште една ѕвезда им се приклучува на Дурант и Ирвинг

Американските медиуми објавија дека Кармело Ентони нема да остане без клуб следната сезона, зашто за неговите услуги е заинтересиран Бруклин.

Бруклин летово остана без најдобриот кошаркар Д’Анџело Расел, кој го засили Голден Стејт, но во свои редови тие ги ангажираа Кевин Дурант и Кајри Ирвинг.

Наводно, двајцата кошаркари направиле притисок врз управата да го донесат Ентони, кој минатата сезона одигра само 10 меча за Хјустон и постигнуваше во просек по 13,4 поени и 5,4 скокови.