Бруклин го совлада Лејкерс и го отпиша од трката за плејофот во НБА!

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс и официјално останаа без плејоф по поразот од Брклин со 106-111, а тоа беше голем удар за Леброн Џејмс.

Тимот на Леброн има 31 победа и 41 пораз, па се наоѓа на 11. место на Западот, додека осмопласираниот Сан Антонио има 42-31 и нема теоретски шанси повеќе да ги стигнат, па Џејмс остана без плејоф по 14 години.

Минатиот пат вакво нешто му се случило во 2005 година, а залудна беше и неговата одлична игра против Бруклин, откако постигна 25 поени, 14 асистенции и 10 скоковии.

„Ќе продолжиме да се бориме, ќе се подготвиме за наредната сезона. Ова е тешко за сите нас“, вели Леброн.

Останати резултати:

Орландо – Мемфис 123-119
Кливленд – Лос Анџелес клиперс 108-110
Њујорк – Денвер 93-111
Торонто – Оклахома 109-116
Хјустон – Сан Антонио 111-105
Милвоки – Мајами 116-87