„Брејк“ на Индијана против Кливленд, Оклахома и Хјустон сигурни (ВИДЕО)

Леброн Џејмс вели дека нема потреба од паника и покрај тоа што Кливленд го загуби првиот дуел од плеј-офот против Индијана на свој паркет со 80-98.

Пораз на премиерата во разигрувањето за Леброн Џејмс е нешто ново, бидејќи за прв пат во кариерата го загуби првиот натпревар. 

„Никогаш во кариерата не сум загубил на првиот натпревар во плеј-офот?“, беше изненаден Џејмс, кога дозна од новинарите. „Сега сум 0-1, но не сум загрижен. Сум бил и 1-3 во финалето, така да јас сум последниот што би го прашале како се чувствува во следните неколку дена“, додаде ѕвездата на Кливленд.

За Индијана ова беше четврта победа сезонава против Кливленд, а Виктор Оладипо беше клучен со 32 поени. Леброн Џејмс оствари троен ефект од 24 поени, 10 скока и 12 асистенции, но и тоа се покажа како недоволно против Пејсерс. 

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Бостон - Милвоки 113-107 (п.п.)
Оклахома - Јута  116-108
Хјустон - Минесота 104-101