„Браќа и сестри, жал ми е, ама ФИБА не ми дава да играм за репрезентацијата“

Настапот во дресот на сопствената држава во последно време за многумина станува преголема обврска, нешто на што годиниве сме сведоци и кај нас, но има и такви кошаркари кои би дале сѐ да настапат за репрезентацијата, па дури се и максимално разочарани кога поради бирократски причини се спречени да го сторат тоа.

Таков е примерот со членот на Кливленд кавалирс, Џордан Кларксон, кој на емотивен начин им се обрати на жителите на Филипини, земја од која потекнува неговата мајка, откако неговиот клуб му забрани да настапи на претстојните Азиски игри.

„Браќа и сестри од Филипини, ужасно сум разочаран што не добив согласност да играм на Азиските игри во дресот на националниот тим. Иако нема да бидам таму, со својот дух ќе бидат заедно со моите соиграчи. Без разлика на овој проблем, мојата амбиција да играм за државната селекција останува иста и се надевам дека ќе може да ја остварам во најкусо можно време“, изјави Кларксон.

Филипинскиот сојуз направи сѐ што требаше за да го регистрира Кларксон и плати големи пари за негово осигурување, но на крај вето стави ФИБА со оглед што Азиските игри не влегуваат во договорот кој го има склучено со челниците на НБА.