Бостон триумфираше во Њујорк, Лилард му донесе победа на Портланд со звукот на сирената!

Во НБА лигата беа одиграни неколку натпревари, а во „Медисон Сквер Гарден“ успеа да победи Бостон со 112-121, со одличната игра на Кајри Ирвинг.

Ирвинг беше блиску до трипл-дабл, откако го заврши мечот со 31 поен, девет скокови и осум асистенции, а него го следеше Браун со 24 поени.

Кај Њујорк, за кој во тимот не беше првата ѕвезда Порцингис, најефикасен беше Бурк со 26 поени и осум скокови, а Хардавеј постигна 17.

Портланд успеа да победи на гостувањето против Феникс со 106-104, откако со звукот на сирената, Лилард погоди за конечниот резултат.

Најдобар во екипата беше  токму Лилард, кој постигна 40 поени и десет асистенции, а покрај него Меколум додаде 21 поен.

Кај Феникс, Бакер имаше постигнато 30 поени и девет скокови, а Ворен постигна 19.

 Останати резултати:

Мајами – Мемфис 115-89
Њујорк – Бостон 112-121
Голден Стејт – Оклахома 112-80
Минесота – Чикаго 122-104
Феникс – Портланд 104-106
Јута – Далас 97-90
Сакраменто – Лејкерс 108-113