Бостон се враќа во игра: Прва победа против Мајами во источното финале (ВИДЕО)

Бостон славеше со 117-106 против Мајами и намали на 2-1 во финалната серија во Источната конференција во рамки на НБА-лигата. 

Селтикс имаа водство буквално од почетокот до самиот крај и овој пат не дозволија пресврт на Хит, иако тимот од Флорида неколку пати се доближуваше многу близу. 

Дури четворица кошаркари на Бостон имаа 20 или повеќе поени на натпреварот. Џејлен Браун реализираше 26 поени , додека Џејсон Тејтум постигна 25 поени со 14 скока, Кемба Вокер постигна 21, додека Маркус Смарт реализираше 20. 

Во редовите на Мајами најмногу се истакна Бам Адебајо со 27 поени 16 скока, Тајлер Хиро имаше 22 поени.