Бостон ги понижи Лејкерс, Лилард „експлодираше“ против Вориорс (ВИДЕО)

На Мартин Лутер Кинг денот во НБА на програмата беа дури 16 натпревари, а најголемо внимание привлече дербито помеѓу Бостон и Лејкерс. 

Според конечниот резултат, 139-107 воопшто не делуваше како дерби, бидејќи домашниот тим комплетно издоминира против фаворизираните гости од Лос Анџелес и им го нанесе најубедливиот пораз сезонава.

Кемба Вокер за прв пат во кариерата го победи Леброн Џејмс во својот 29-ти обид. Тој имаше 20 поени, колку што постигна и Џејлен Браун, додека најефикасен беше Џејсон Тејтум со 27 постигнати поени. Во редовите на Лејкерс, Леброн Џејмс имаше 15 поени и 13 асистенции, а најефикасен беше Џавал Мекги со 18 поени. Ентони Дејвис се врати на паркетот по пауза од пет натпревари и постигна само девет поени.

Демијан Лилард постигна 61поен во победата на Портланд од 129-124 против Голден Стејт по едно продолжение. Тој постави нов клупски рекорд, откако го сруши својот рекорд од 60 поени постигнати против Бруклин исто така оваа сезона. Неговите 61 поен исто така се рекорд сезонава во НБА-лигата. Лилард стана првиот кошаркар во историјата на НБА со 60 поени и повеќе и 10 или повеќе постигнати тројки (11), а воедно стана само шестиот кошаркар на сите времиња кој има повеќе од еден натпревар со 60 поени.

Алек Буркс со 33 поени беше најефикасен во редовите на Виориорс.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Вашингтон - Детроит 106-100
Атланта - Торонто 117-122
Бруклин - Филаделфија 111-117
Шарлот - Орландо 83-106
Кливленд - Њујорк 86-106
Хјустон - Оклахома 107-112
Мемфис - Њу Орлеанс 116-126
Мајами - Сакраменто 118-113
Милвоки - Чикаго 111-98
Минесота - Денвер 100-107
Феникс - Сан Антонио 118-120
Јута - Индијана 118-88