Босанецот Нуркиќ збесна под кошот – делеше „банани“ како од шега (ВИДЕО)

Босанскиот центар Јусуф Нуркиќ имаше фантастичен меч во кој малку фалеше да стигне до неверојатно остварување за „квотер-дабл“, зашто на 11-те поени и 11-те скока додаде уште осум оасистенции и шест блокади.

Босанецот напаѓачки немаше премногу запазена улога, ама затоа во дефанзива беше карпа што не се поминува. Особено ги возбуди навивачите со леснотијата на делење „банани“. Интересно Нуркиќ имаше пет само во првото полувреме, а со шесте стигна да го израмни својот личен рекорд.

Портланд славеше лесно со 127-96 против Шарлот Хорнетс.