„Бомба“ во НБА: Вестбрук трејдуван во Хјустон

Новинарот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски објави дека Оклахома го трејдуваше најдобриот кошаркар Расел Вестбрук во Хјустон рокетс.

Во замена за Вестбрук, Оклахома ќе го добие искусниот плејмејкер Крис Пол, пиковите од првата рунда на драфтот во 2024 и 2026, како и право на замена на пиковите од првата рунда во 2021 и 2025 година.

Вестбрук се поздрави со навивачите на Оклахома, па сега многумина се прашуваат како ќе се прилагоди во тимот со големата ѕвезда на Хјустон, Џејмс Харден.