Болт побрзо трча на 100 метри, отколку што „Грчкиот ѕвер“ изведува - слободно!

Јанис Адетокумпо не е најдобар изведувач на слободни фрлања, но кога веќе не ги реализира, барем може побрзо да ги изведува, зашто вака е побавен од Јусеин Болт на 100 метри.

Се појави снимка на социјалните мрежи, а американските новинари пресметаа дека на грчкиот кошаркар му треба повеќе време да шутне слободно фрлање отколку атлетичарот да истрча 100 метри.

Во минатиот натпревар, судиите го прекинаа перформансот на Адетокумпо и топката ја доделија на Бруклин, а тој остана зачуден откако цели 10 секунди не ја исфрли топката кон противничкиот кош.

На последниот меч меѓу Милвоки бакс и Бруклин нетс (86-83), грчкиот ѕвер имаше ужасна реализација од слободни фрлања затоа што погоди четири од девет.