Богдановиќ побрз од звукот на сирената за победа на Јута (ВИДЕО)

Уште една одлична партија во НБА лигата имаше Бојан Богдановиќ, кој со 33 придонесе својот тим Јута да слави над Милвоки со 103-100.

Хрватот воедно го даде победнички кош за три поени со звукот на сирената. Кај Милвоки актуелниот МВП Антетокоумпо постигна 30 поени и 13 скокови.

Одличен натпревар одиграа Минесота и Голден стејт, каде на победата се радуваа домаќините со 125-119 по продолженија. „Воините“ имаа четири поени предност 110-106 на 29 секунди до крајот на натпреварот, но Карл Ентони Таунс и Ендру Вигинс се изборија за дополителни пет минути кои и донесоа победа на Минесота. Најефикасен во обедничкиот тим беше Вигинс 40 поени, додека Таунс запиша 20 поени и 14 скокови. Кај Голден стејт, Д’Анџело Расел имаше неверојатни 52 поени, 10 скокови и пет асистенции.

Феноменален натпревар одигра и Демијан Лилард кој постигна рекордни 60 поени во поразот на Бруклин од Портланд (119-115). Вторпат во историјата на НБА лигата се случува двајца кошаркари да имаат 50 или повеќе поени кога нивните екипи загубиле.

Резултати: Индијана – Детроит 112-106, Орландо – Мемфис 118-86, Вашингтон – Кливленд 100-113, Атланта – Сакраменто 109-121, Минесота – Голден стејт 125-119, Њу Орлеанс – Торонто 104-122, Далас – Њујорк 102-106, Денвер – Филаделфија 100-97, Јута – Милвоки 103-100, Портланд – Бруклин 115-119, ЛА Лејкерс – Мајами 95-80.